Мајк Тајсон со секој потег заработува пари

Мајк Тајсон им даде шанса на фановите да му се придружат на еден од тренинзите.

Железниот Мајк неодамна го најави своето враќање во боксот. Тој ќе има серија ревијални натпревари за добротворни цели, а во рингот веројатно ќе го гледаме против Евандер Холифилд, Шенон Бригс и некои други познати sвезди од светот на боксот.

Тајсон исто така им дозволи на фановите да му се придружат на тренинзите. Тој започна аукција на која најдобриот понудувач може да дојде на тренинг, а сумата веќе достигна околу 20.000 американски долари.

Интересот за Тајсон е огромен. Се претпоставува дека на крајот, оваа бројка ќе достигне сума од над 40.000 долари, а покрај тричасовниот тренинг, среќниот добитник ќе добие фотографија, потпис на славниот боксер и ќе руча со него.

Исто така, 30 дена по тренинзите, сопственикот на најголемата понуда ќе добие ракавици и маица, но и одлично сеќавање на тренинзите со легендарниот шампион.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО