Путин со порака до шампионот на УФЦ: Хабиб, не грижи се, се ќе биде во ред!

Така се прави тоа во големите земји, и со големите спортисти, кои се симболот на државата. Пред се тука мислиме на Русија, и на Владимир Путин, претседателот на најголемата земја во светот по површина. Имено пред два дена Путин му се јавил на Хабиб Нурмагомедов, мега ѕвездата на УФЦ, и му ја дал сета можна поддршка, како и дека неговиот болен татко кој е во кома, ќе го има најдобриот можен третман во болницата во Москва. Да споменеме дека Абдулманап, таткото на Хабиб е во кома поради проблеми со срцето, но и откако беше заразен со коронавирусот.

Во долгиот телефонски разговор кој го имале, Путин му кажал на Хабиб да не се грижи, дека се ќе биде во ред.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО