Тајсон Фјури: Постигнав повеќе од секој друг активен боксер во тешка категорија

Шампионот во тешка категорија на ВБЦ, Тајсон Фјури вети дека ќе доминира како што доминираше Владимир Кличко.

Фјури ги шокираше сите откако во 2015 година со одлука на судиите го победи Кличко во 2015 година. Ова беше прв пораз за Украинецот за една деценија.

Фјури тогаш ги загуби титулите поради отсуството од боксот.

Ја продолжи кариерата во 2018 година, земајќи му ја ВБЦ титулата на Дионтеј Вајлдер во февруари.

Фјури е уверен дека неговата победничка низа го става над сите останати во категоријата.

„Постигнав повеќе од којбило активен и жив боксер во тешка категорија денешни дни. Никој не може да се приближи до моите достигнувања. Среќен сум со тоа каде сум во мојата кариера и задоволен сум со тоа што го работам. Дури и ако повеќе не боксирам, ќе бидам среќен.

Го освоив секој шампионски појас во боксот. Станав шампион на Англија – светски шампион. Јас постигнав сè. Се сметам за најдобар.

Кличко боксираше до 40-тиот роденден. Многу други големи шампиони продолжуваат. Јас не боксирам за пари, ниту за слава, ниту за титули. Го правам тоа затоа што ме прави среќен и ми се допаѓа. Немам што повеќе да се докажувам на кој и да е“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО