Следниот противник на Бетербиев е познат. Нема да е Бивол

Рускиот боксер Артур Бетербиев во следниот меч ќе се бори со уште еден британски боксер.

Шампионот во полутешка категорија ќе ги брани трите појаси против официјалниот предизвикувач на Светскиот боксерски совет – Калум Смит, соопштија од организацијата.

Средбата најверојатно ќе биде летово. Така стана јасно дека нема да има борбка меѓу Бетербиев и Бивол, што сите го очекуваа.

Како што е познато, Бетербиев викендов го победи Британецот Ентони Јард во битката за титулата. Русинот победи со нкаут во осмата рунда и ги одбрани титулите во полутешка категорија на ВБЦ, ИБФ и ВБО.

Калум Смит има импресивни 29 победи (22 со нокаут) и 1 пораз од Канело Алварез.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО