Ентони Џошуа ги сака и Вајлдер и Фјури во 2023 година: Тоа ќе бидат тешки борби и тешки ноќи за сите

Минатата недела, Херн малку ги разочара фановите кога објави дека следен противник на Џошуа ќе биде Џермејн Френклин.

Ентони Џошуа моментално се наоѓа во тешка ситуација што се однесува до неговата боксерска кариера. Усик му ги одзеде појасите и успешно ги одбрани во реваншот, па за очекување беше Џошуа сега да земе полесен противник. Многумина го очекуваа Вајлдер, но тоа беше едноставно преголем ризик за Џошуа во овој момент.

Пред некој ден Еди Херн откри дека негов следен противник ќе биде Џермејн Френклин, со што малку ги разочара фановите. Френклин е добар боксер кој неодамна му приреди многу тежок меч на Дилиен Вајт, сепак, навивачите очекуваа некој од самиот врв на тешката категорија. Џошуа откри што планира да го направи оваа година:

„Не е тешко да се најде противник за мене. Во моето срце, борбата против Фјури не е изгубена, но ако сакате да го слушате Фјури, тоа е постојано горе-долу. Но, сигурен сум дека ќе се бори со мене. Мислам дека таткото нема да дозволи да ме избегне. Неговиот татко е вистинско момче, ми се допаѓа“, изјави Џошуа за ИФЛ ТВ.

„Тајсон Фјури или Дионтеј Вајлдер во 2023 година. И со двајцата ќе бидат одлични борби и тешки ноќи за сите. Но, да, во 2023 година ги сакам Фјури или Вајлдер, потенцијално и двајцата“, додаде Џошуа.

Со оглед на тоа што претрпе два тешки порази против Усик, не е чудно што Џошуа сега ќе добие малку полесен противник. Џермејн Френклин е вистинскиот противник за ова, бидејќи, сепак, е квалитетен боксер, но реалноста е дека тој се уште не припаѓа на самиот врв во тешка категорија. Доколку Џошуа ја помине таа борба без проблем, веројатно секој навивач би сакал да види борба меѓу него и Вајлдер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО