Холандската клима лоша за мнашите каратисти во Алмере!

Ivo cvetkovski

Нашите каратисти кои настапија денеска  на вториот турнир од Карате 1 Премиер лигата во Алмере, Холандија, многу не се прославија. Само Иво Цветковски (- 75 кг) извојува две победи, а во третата за губи со судиска одлука откако мечот заврши со резултат 1-1 со Рене Смал од Холандија. Во првото коло го совлада Витали Хашчук од Украина (3-3) со судиска одлука, а второто коло беше подобар од Словенецот Рем Мариќ, го победи со 1-0.

Во  истата категорија Енес Смаилагиќ (Ц. Димов) го победи Белгијанецот Мелвеи Скоп 3-1, а со истиот резултат загуби од Станислав Хоруна од Украина.

Ненад Ќелебиќ (- 67 кг)од КК Цветан Димов, по добриот настап во Париз, сега натпреварите ги заврши уште во првото коло. Турал Агаларзаде од Азербејзан славеше со 4-3. Додека Ико Ташов почна со победа совладувајќи го  Санан Алиев (Азербејџан) со 1-0, но во наредното коло претрпе пораз од 2-1 од Жереми Делхез од Белгија.

Од девојките денеска настапи само Наташа Стефановска (Макпетрол) во категоријата до 61 кг, при што во првото коло со 2-1 ја победи Михеле Јенсен од Данска, но Французинката Лусил Бретон беше убедлива во мечот со нашата каратистка и славеше со 5-0.

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО