Адили ја потврди формата за Изборното првенство во Австрија!

Адил Адили
Адил Адили

Надежниот македонски борач Адил Адили, кој живее и настапува во Франција, на секој натпревар го потврдува својот раскошен талент, така и минатиот викенд на „Флац опен 2015“ во Волфурт, Австрија, го освои петото место. Тој настапи во категоријата до 63 килограми во јуниорска конкуренција, а во неговата категорија имаше 20 борачи.

Првото место го освои Никлас Дорн од РВ Хесен, Валентин Санфратело од француксата репрезентација беше втор, а Боптош Ставинога (Полска) и Јакуб Сукора (Словачка) го поделија третото место.

Ова е добро наветсување дека тој утре на Изборното првенство за БК Скопје ќе атакува на местотво националниот тим, иако е младинец.

За подемот на неговата форма се надоврзува и настапот на силниот сениорски  турнир „Гранд при Париз 2015“ пред некое време.

Тогаш Адили го победи искусниот Амиран Каратнов од Грција во 1/8 финалето, носител на медали од меѓународните првенства, а во ¼ финалето беше поразен од светскиот младински првак Илман Муктаров од Франција.

На Адили тоа му беше прв настап во сениорска конкуренција, а и прва година настапува како младинец, што, во суштина, ветува многу и треба да ги брани боите на Македонија до 61 килограм во сениорска конкуренција.

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО