Балканец атакува на три титули, Бучим со подмладен тим!

boban danov 1

Изборното првенство в недела ја подига атмосферата меѓу традиционалните ривали во македонското борење Балканец, Бучим-Радовиш, Лирија, а годинава на таа листа се придодаваат и борачите на Вардар, но и екипата на Тефејуз. За жал, Спартак годинава не може да биде дел од традиционалните ривали, поради лошата финансиска и кадровска состојба во клубот.

Главни фаворити за местата во репрезентацијата се борачите на Лирија, Балканец и Бучим, смета претседателот на Балканец, Стојан Колев, кој како најсигурни да обезбедат место во националниот тим од неговата екипа ги посочува Дејан Митров, Деан Богаданов и Бобан Данов.

-Балканец ќе настапи во полн состав. Покрај тројцата фаворити ќе настапат и Давор Тасев, Иван Анакиев, Стефан Никовски, Димитарче Здарвков и Александар. Како и секогаш, кај нас се раѓаат таленти. Потешкотии имаме со финасиите, но некако се снаоѓаме, – вели Колев.

Petrov Nikolco

Бучим-Радовиш оваа сезона ќе настапува со подмладен состав, како резултат на клупската политика да се направи нова генерација на борачи.

-Очекуваме добри резултати од Петров Николчо, Немет Мустафа, Иван Јанев и Ѓорче Батески. Сепак, акцент даваме на Младинското изборно првенство кое идната недела ќе се одржи во Радовиш, – истакнува тренерот на Бучим-Радовиш, Тони Танчев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО