Алмере втора проверка во Премиер лигата

359

Иво Цветковски и Симон Антиќ во Амстердам
Иво Цветковски и Симон Антиќ во Амстердам

На вториот турнир од Карате 1 Премиер лигата во Алмере, Холандија отпатуваа: Тодор Ристески (Спорт 94), Ненад Челебиќ (Цветан Димов) и Ико Ташов (Металург) до 67 кг; до 75 кг Иво Цветковски (Металург) и Енес Смаилагиќ (Цветан Димов); Симон Антиќ (Макпетрол), Берат Јакупи (Фати), Ико Ташов (Металург) до 84 кг и над 84 кг Жарко Арсовски и Мартин Несторовски (Металург); Наташа Стефановска (-61 кг) и Моника Стефановска (-68 кг), Симона Заборска (-55 кг) и Сара Радичевска (-50 кг) сите од Макпетрол.