Синан Самил Сам почина на 41 година

Sam samil

Поранешниот двократен европски шампион во бокс во тешка категорија Синан Самил Сам почина на 41-годишна возраст. Турчинот пошина во болница во Истанбул. Според локалните весници, причината за смртта е откажување на црниот дроб.

Сем имаше одлична аматерска кариера пред да стане професионалец во 2000 година. Тој боксираше до 2008-та. Во овој период „Бикот од Босфорот“ забележа 31 победа (16 со нокаут) и 4 порази.

Сем беше исклучително популарен во Германија, каде што го помина поголемиот дел од неговата кариера.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО