Рој Џонс по шест месеци ќе живее и во Русија и во САД

Roj Dzons udira

Легендата на професионалниот бокс Рој Џонс – Јуниор откри дека има намера да живее по шест месеци во годината во Русија. Пред неколку дена и официјално стана државјанин на Русија на Владимир Путин. Ветеранот (46 г.) ќе има меч на 12 декември во Москва. Негов ривал ќе биде поранешениот светски шампион Енцо Макаринели.

„Ќе живеам во две земји, по шест месеци во САД и шест месеци во Русија. Не сум дезертер. Се обидувам да бидам образ на обединувањето. Да, некои луѓе во САД се против мојата одлука. Но наскоро тие ќе разберат дека тоа е обид да се изгради мост меѓу двете држави. Мојата цел е да ги отворам очите на луѓето“, изјави Џонс.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО