Силва позитивен на допинг тестот, Диаз на марихуана!

anderson-silva-funnyНаследството на поранешниот шампион во средна категорија на УФЦ, Андерсон Силва беше брутално нарушено. Атлетски комисија на Невада откри дека во крвта на Силва има присуство на две забранети супстанци – дростанолон и андростан. Допинг тестот бил направен на 9 јануари.

 Резултатите беа објавени денес, бидејќи ако беа објавени пред дуелот, тој требаше да биде откажан. И двајцата борци биле подложени на три теста – останатите два биле на 19 јануари и 31 јануари. Резултатите од денот на борбата се подготвени и се чисти, но тие биле само од урина. Резултатите од 19 јануари уште не се подготвени.

 Ова е прв пат Сива да имапозитивен допинг тест.

 Ник Диаз има позитивен допинг тест – за марихуана.

Откако и двајцата борци се со позитивни тестови, најверојатно дуелот ќе биде прогласен за неважечки. Ова е третиот допинг тест во кој Диаз се товари поради марихуана. Прв пат тоа беше во 2007 година против Таканори Гоми, а потоа во 2012 против Калос Кондит. Следниот состанок на комисијата е на 17 февруари и кариерите и на двајцата борци се во опасност. Да се ​​потсетиме што рече Силва во октомври. „Кога борец ќе даде позитивен допинг тест за стероиди, тој не треба повеќе да се бори. Кога користиш стероиди, ги користиш за долго време. А кога ги користиш за долго време, значи имаш проблем. Тоа е лек и не е добар за спортот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО