Драган Атанасов: Борбите не завршија со нокаути поради одложувањето на турнирот!

miki i dragan

Легнаа и емоциите и страстите по Меморијалниот турнир „Љупчо Неделковски“ што во саботата се одржа во Виница, а Мики Ивановски беше прогласен за најдбар кикбоксер на турнирот, така што на мира може да се анализираат борбите на нашите натпреварувачи од аспект на нивните маани и предности, како подготовка за Светското првенство оваа година.

Секако, најповикан да ја направи анализата е тренерот на репрезентацијата Драган Атанасов, кој цело време работи со нив и ги води нивните мечеви.

За победникот на турнирот, Мики Ивановски, Атанасов вели дека тој влегол во борбата со 70 отсто од неговите можности поради високата температура што ја имал таа недела пред турнирот, 39 степени.

miki noga

„Примаше и инфузија и инјекции, по што му ослабе телото. Од старт моравме да ја менуваме стратегијата. Тој се бореше со тактика што не е својствена за него. Уште од првата рунда стартуваше цврсто за да го осети противникот. Во првата рунда го парати неговиот ривал во нокдаун и да беше 100 отсто подготвен ќе ја завршеше бробата во тој момент, односно ќе го нокаутираше противникот“, потенцира Атанасов, спорерд кого, овој период не им одговарал на нашите кикбосери, бидејќи три пати се одложуваше турнирот, поради што не можело да се темпира формата за еден професионален меч. Згора на тоа, се надоврзале и празниците.

„Димитар Георгиев е брз и експлозивен борец, при што често не влегува во дуели со размена на снага. Неговата стратегија е од дистанца да влезе и излезе, за да собира поени. Се бореше со противник кој не е својствен за неговиот стил на борба, затоа што се натпреварува и во тајландски бокс, а тие борци важат за едни од најцвртстите во боречките дисциплини“, смета тренерот на репрезентацијата и додава дека противникот на Георгиев располагал со прекрасна техника и многу силни удари.

dimitar akcija

„Димитар успеа да ги амортизира неговите брзи влеозви и излези, при што 90 проценти од уадрите завршија во неговите блокови. Победата ја извојува со контраударите после блок и брзите лоу-кикови“, оценува Атанасов.

Стојанче Цветковски кој мораше да ја предаде борбата во трета рунда поради повреда, воопшто не разочара, туку, напротив, се бореше со срце.

stojance akc

„Тој отоде една категорија погоре, односно да се бори во категоријата до 86 килограми, а има 83 кг, при што меѓу него и противникот се направи разлика од 5-6 кг во корист на турскиот натпреварувач. И, се бореше во лоу кик, наместо во к-1. Да беа иста килажа,Турчинот немаше да го издржи нокдаунот, тоа ќе беше нокаут“, убеден е тренерот Атанасов.

dimsa)

За Александар Димовски-Димса вели дека влегол со повреда на десната нога во борбата. Направил мала грешка во водењето на борбата, односно, наместо да напаѓа тој требало да води борба од дистанца и да собира поени. Таа тактика ја применил турскиот кикбоксер.

„Ќе беше почисто ако не напаѓаше“, тврди Атанасов.

Хадис Рамадани и Бобан Илиовски се двајца прекрсани борци, истакнува тренерот на репрезентацијата, посочувајќи дека летото и тие биле вклучени во подготовките на репрезентацијата, при што се стекнале со огромно искуство, кое го демонстрирале на Светското превнство за јуниори во Римини, Италија, каше што ги освоија бронзените медали.

hadis akcija

„Во Виница, Хадис (16,5 години) се бореше со противник кој беше две години постар од него и многу искусен. Но, Хадис ја израбори борбата многу смирено и татктички прецизно. Направи тактички добро изработени поени, а потоа се повлекуваше и собираше поени. Ги исполни сите задачи што му беа зададени. Од него очекувам големи резултати“, смета репрезентативниот тренер.

За Боби, Атанасов има респектабилно мислење, притоа потсетува дека овој млад натпреварувач на СП во Римини ги совладал противниците од Русија и Полска, кои важат за светски сили во кик боксот.

boban ac 2

„Со Ѓоргевиќ покажа прекрасна техника. Има респект спрема секого, а нема страв од нокого. Има одлични предиспозиции за кик бокс , висок 189 сантиметри и тежок 71 килограм, идеална комбинација за кикбоксер. Располагфа со добра и рачна и ножна техника. Работи и дистанца и клинч. И од него во наредниот период се очекуваат медали од турнири и европски и светски првенства“, уверен е Драган Атанасов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО