Семинар за карате вештини и самоодбрана со сенсеи Зоран Пејов

Истакнатиот македонски карате мајстор Зоран Пејов, носител на црн појас 5 дан, предводник на Карате центарот „Пејов“ и главен инструктор АКФМ, во сабота и недела ќе одржи семинар за карате вештини и самоодбрана во Скопје.

Семинарот ќе се одржи во салата „Форца“ (до Студентскиот дом  „Гоце Делчев“) во Скопје, со почеток од 18 часот.

Во сабота ќе се работи кихон, хеан кати, потоа мајсторски кати басаи даи, џион, канку даи, сочин,нинџу шиху. Додека вториот е предвиден за кумите и демонстрација на реални карате техники како вистинска одбранбена боречка вештина.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО