Внукот на Мухамед Али го нокаутира противникот во втората рунда (ВИДЕО)

Нико Али Волш, 22-годишниот внук на легендарниот боксер Мухамед Али, победи во неговата шеста борба, совладувајќи го Рејес Санчез со жесток нокаут во втората рунда.

По тешките удари по телото на противникот, Волш со нокаут стави крај на борбата која се одржа во Сан Диего.

Американските медиуми потсетија дека токму на тоа место Кен Нортон ја скрши вилицата на Али во 1973 година.

„Одлично, ова е посебна победа бидејќи се работи за реванш. Со напорна работа покажав дека ва сум новиот јас. Им благодарам на тренерите  и на Боб Арум. Зад секоја моја борба стои гениј“, изјави Волш по мечот.

Внукот на Мухамед Али има пет борби добиени со нокаут, а оваа средба беше реванш во кој беше многу подоминантен и веројатно е најдобрата борба во неговата кариера.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО