Фјури бара 500 милиони долари за борба со Усик, ако не, воопшто да не го бараат

Откако Украинецот Олександр Усик вторпат го победи Ентони Џошуа и ги одбрани шампионските појаси во верзиите на ИБФ, ИБО, ВБА и ВБО, побара борба за апсолутен шампион со Тајсон Фјури, кој најави пензија.

Фјури е сопственик на шампионскиот појас на ВБЦ и Усик смета дека „Кралот на Ромите“ не се пензионира и дека ќе сака пак да влезе во рингот за пресметка со него. Но, Фјури веќе го поставил условот за враќање, а тоа се нестварни 500 милиони долари за него од борбата.

„Таа борба за мене е чисто за пари, јас сум среќно пензиониран и имаат тон пари, ама…Да се бори со мене треба да има најголема исплата во историјата. Флојд Мејведер за борбата со Мани Пакајо доби 400 милиони долари. Јас сакам 500 милиони долари. Не ме барајте без таа цифра“, рекол Фјури.

Неговиот промотор, Франк Ворен е многу загреан за борбата веќе во декември, ама прашање е дали ќе може да обезбеди толку пари колку што бара Фјури или ќе успее да го наговори за помалку да влезе во рингот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО