Селекторот Кузмановски: Македонската карате репрезентација на висина на својата задача

Селекторот за кадети и јуниори во борби, Александар Кузмановски, е задоволен од настапот на нашите репрезентативци кои освоија по еден златен, сребрен и бронзен медал. Златото го освои Стефан Стојановиќ, среброто Андреј Басаров и бронзата Матеј Белистојаноски.

„Задоволен сум од настапот. Очекувањата се постигнати македонската карате репрезентација, по не знам кој пат, на висина на својата задача, овој пат во ек на пандемија со ограничени можности и максимално одговорна дестинација Тампере, Финска на 48.Европско првенство во карате  за кадети јуниори и помлади сениори до 21 година, каде учествуваа 45 земји од  најстариот континент Европа и вкупно 1080 натпреварувачи. Делегација предводена од тројца селектори во состав Александар Кузмановски, Арлинд Хусеини  во борби и Стојан Андриевски во кати и Боби Војдиновски судија, можам да кажам дека ја постигнавме целта со освојување на 4 медали и покажавме зошто сме најдобра спортска федерација во Македонија и зошто каратето е еден од најтрофејните спортови. Три медали во помалите категори за кадети и јуниори и еден, ама, можам со право да кажам, најтежок и највреден во помлади сениори до 21 година. Во кадети одличен настап и сребрен медал освои Андреј Басаров во плус 70 кг. Во кадети минус 57 забележителен настап имаше Или Билали кој се пласираше на 5 место, Ера Коџа кој заврши како 11 место. Тука ќе ги пофалам сите натпреварувачи Ива, Михаела, Ера, Марио, Или, Вукашин, Лука и Андреј во кадети. 90 проценти се млади и ова за нив е прв настап на Европско првенство. Генерација која што ветува многу, каде треба да се вежба техничко и многу на тактички план, оти за некои искуството беше пресудно.

Морам да споменам дека соработката со клубовите за време на подготовките беше одлична и колегите тренери од клубовите Олимпик спорт 2007 Скопје, Штип од Штип, Спорт 94 од Прилеп, Башкими од Куманово, Шампион од Крива Паланка, Уранику од Дебар, Форца од Скопје и Вардар од Скопје, а и други, нека извинат ако испуштам некого, бидејќи се уште сум под инпресии од постигнатиот пласман“, вели селекторот Кузмановски.

Тој се осврна на настапот на јуниорите.

„Во делот на јуниорите, солиден тим. Немаше да биде изненадување ако имавме уште некој медал. Ова се натпреварувачи кои имаат искуство и ова им е трето или четврто првенство од врвен квалитет. Само ќе кажам дека пред две години беа кадети а сега јуниори. Толку се со мене во мојата селекција Бојан Костов, кадетски медалист од Европското во Данска и Светскотоп во Чиле, додека минатата година медал на Европското за јуниори во Будимпешта, сега, за жал, изгуби на судиско изјаснување во борбите за влез во полуфинале. Матеј Белистојановски и Стефан Стојановиќ минатото Европско беа 5 -то пласирани. Во моја селекција се веќе повеќе од две години, заедно ги водам и кадети и јуниори на ова Европско.

Стефан Стојановиќ освои прво место а Матеј Белистојановски 3 место. Тоа е еден голем успех и напредок. Од нив очекувам и понатаму да прават резултати. Се наметна и Јована Мицовска како 9- пласирана, но пак ќе кажам јавно ќе ги пофалам Канита, Рудина, Јована, Адеми, Матеј, Бојан, Љупче, Андреј, Стефан кои ја преставија Македонија во убаво светло. Како тим, екипа која неколку години работиме за да постигнеме  високи спортски резултати на меѓународни првенства. Оваа генерација на има потенцијал за во иднина. Само работа, континуитет, упорност ќе ги донесе до врвни резултати. Во делот на У-21 или помлади сениори кој е едно од најмасовните и најквалитетните категории во карате овде е и најтешко да се освои медал, поради фактот дека овие натпреварувачи се и освојувачи и на  сениорски натпреварувања . На моја особено задоволство мојот натпреварувач  Столе Смилковски имаше инзворедни  6  борби од кои во 5 победи и 1 пораз со што се закити со сребрен медал со златен сјај и стана вице шампион на Европа. Ме радува поради фактот што овој натпреварувач, исто како и другите кадети и јуниори, е од кадети со мене во селекција истиот е и носител на 3 место европски медал во Кипар – Лимасол, но овојпат второ место сребрен медал  во  највозрасна категорија У -21. Честитки до Столе Смилковски до мојот колега тренер од репрезентација Арлинд Хусеини и до мојот клупски колега од Карате клубот Олимпик, тренерот Кристијан Младеновски.  Честитки уште еднаш на сите освојувачи, нивните тренери од клубовите и до сите заслужни за тоа што македонското карате испишува уште еднаш нови страници во историјата на македонскиот спорт на европско ниво. Посебна благодарност до Карате федерација на Македонија и Агенција за млади и спорт за подршката“, потенцира Кузмановски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО