Нокаут каков што ретко се гледа и тоа на пет секунди до крајот на борбата (ВИДЕО)

Со спектакуларен удар со нога во лице, Чилеанецот го испрати противникот „на спиење“.

Чилеанецот Игнасио Бахамондес стана популарен меѓу љубителите на боречките спортови, конкретно ултмејт фајтот, откако со спектакуларен нокаут ја доби борбата против Американецот Рузвелт Робертс, и тоа на само 5 секунди до крајот на борбата.

Веројатно Бахамондес ќе ја добиеше борбата и на поени, но вака се прослави и со страшен удар го патосираше противникот. За победата, Чиленеацот ќе добие 50.000 долари, но после ваков нокаут за паметење, цената може и да му порасне во иднина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО