Матеј Белистојаноски: Беше тешко, но напорната работа се исплати! Ќе ги надминам успесите на татко ми

Матеј Белистојаноски постигна голем успех со освојувањето на бронзениот медал на Европското првенство во карате за кадети, јуниори и У-21 во категоријата до 55 кг.

Матеј во борбата за бронзата со високи 9-0 го совлада Максим Каширски од Белорусија.

Матеј, кој е син на поранешниот репрезентативец на Македонија и освојувач на медал од ЕП за кадети, јуниори и У-21 и поранешен селектор на сениорската репрезентација која ја водеше многу успешно, тргна по стапките на татко му.

За тоа дали беше тешко да се освои медалот Матеј вели:

-Беше тешко, но мојата напорна работа се исплати.

Финалето не беше толку далеку. Што недостасуваше да се бориш во финалето?

-За влез во финалето ми требаше малку среќа.

Тргнa по стапките на татко ти, кој исто така на ЕП освои медал. Колку ти значти тоа што тргна по стапките на Петар Белистојаноски?

-Тоа многу ми значи. Верувам дека можам со повеќе работа и среќа ќе бидам уште поуспешен од него.

За твојата кариера се грижи татко ти Петар. Колку ти значеа неговите совети за освојувањето на медалот?

-Неговите совети како и неговата поддршка многу ми значеа за овај успех.

Ќе го надминеш ли по успесите?

-Сигурен сум дека ќе ги надминам.

Кои се наредните предизвици?

-Мои наредни предизвици се изборното првенство и европското првенство во Чешка

-55 кг
Матеј Белистојаноски – Алфонсо Авезедо (Португалија) 5-1
Матеј Белистојаноски – Коре Ансел (Германиај) 1-0
Матеј Белистојаноски – Жарко Коларов (Србија) 4-1
Матеј Белистојаноски –Мариуш Василе (Романија) 2-2
За бронза
Матеј Белистојаноски – Максим Каширски (Белорусија) 9-0

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО