Сребрен медал за Столе Смилковски на Европското карате првенство (ВИДЕО)

Столе Смилковски го освои сребрениот медал на Европското карате првенство за кадети, јуниори и У-21. Смилковски во финалето за млади сениори во категоријата до 67 килограми е поразен 0-3 од Туричнот Алтунер Јилмаз.

Фактички една акција го одлучи финалето. И двајцата каратисти беа опоменати за неактивна борба, а потоа Турчинот искористи едно мало невнимание на Смилковски и со преден маваши гери во глава освои поен. Потоа Јилмаз вешто го бранеше ова водство, најчесто одеше во аголот на татамито и со предно високо маваши ги одбиваше нападите на Смилковски.

На патот до финалето Смилковски извојува пет победи.

Сепак, и ова е голем успех за Смилковски и за Македонија.

Од другите наши натпреварувачи кои настапија денеска Бериз Куртановиќ и Магдалена Божиновска го освоија седмото место и само една победа ги делеше од борба за бронзениот медал. Марија Милева и Бобан Џамѓозов се 9-ти.

Да посетиме дека Стефан Стојановиќ освои златен медал во јуниорска конкуренција, Матеј Белистојаноски бронзен, а кадетот Андрес Басаров сребрен, сите во борби.

Така Македонија го завршува ЕП со 4 медали – 1 златен, 2 сребрени и 1 бронезен.

Резултати У-21 на ЕП 2021:  

-67 кг
Столе Смилковски – Алекс Ортиз де Зарате (Шпанија) 4-1
Столе Смилковски – Макар Натицки (Естонија) 2-0
Столе Смилковски – Матијас Брунер (Швајцарија) 4-2
Столе Смилковски – Хусеин Мамаадли (Азербејџан) 4-1
Столе Смилковски – Егор Пулкин (Русија) 2-0
Финале
Столе Смилковски – Алтунер Јилмаз (Турција) 0-3

Борбата на Столе е на -14:45:

Столе

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО