Се подготвува меч меѓу Мануел Чар и Мариуш Вах за титулата на ВБА

Мануел Чар може да се врати во рингот по околу 3 години отсуство. „Редовниот“ светски шампион во тешка категорија на ВБА може да ја направи првата одбрана на титулаta против Полјакот Мариуш Вах.

Ова го објави менаџерот на полскиот боксер. Се тврди дека двајцата дури потпишале договор за мечот. Проблем е што шампионот сè уште не брза да го склучи договорот, пренесува boxen.de.

Мануел Чар има биланс од 31 победа (17 со нокаут) и 4 порази (од Витали Кличко, Жоан Дуопа, Александар Поветкин и Мирис Бридис).

Мариуш Вах има биланс од 36 победи (19 со нокаут) и 6 порази (Владимир Кличко, Александар Поветкин, Џарел Милер, Артур Шпилка, Мартин Бакол и Дилиен Вајт).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО