Тајсон Фјури се откажа од третиот меч со Вајлдер

Светскиот шампион во супертешка категорија на Светскиот боксерски совет (ВБЦ), Тајсон Фјури се откажа од трет меч со Американецот Деонтеј Вајлдер, изјави Фјури за порталот The Athletic.

Според Британецот, тој ја донел оваа одлука затоа што организаторите на оваа можна борба не можеле да најдат соодветен датум до крајот на 2020 година. Првично Фјури и Вајлдер требаше да се сретнат на 18 јули, а потоа поради пандемијата на коронавирусоте, битката беше презакажана за 19 декември.

„Еднаш се согласив да се борам со Вајлдер на 19 декември, но тогаш тие решија повторно да го преместат мечот, за следната 2021 година“, рече Фјури. „Тренирав на специјална програма и во моментов сум во целосна подготвеност. Па заврши со мене, јас тогаш нема да се борам. Морам да гледам напред“.

На 22 февруари, Фјури го совлада противникот со технички нокаут во 7-та рунда и ја презеде титулата светски шампион. Фјури два пати го нокаутираше, тоа беше прв пораз на Вајлдер во професионалниот ринг. Во 2018 година нивната пресметка заврши нерешено.

34-годишниот Вајлдер ја бранеше светската титула 10 пати, а ја освои во јануари 2015 година. На списокот Вајлдер има 42 победи, од кои 41 со нокаут, едно реми и еден пораз. 32-годишниот Фјури има 30 победи (21 со нокаут) и една нерешена.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО