Русинот Чудинов го победи Штрум среде Германија! (ВИДЕО)

Fjodor Cudinov

Фјодор Чудинов (Русија) ја освои титулата на Светската боксерска асоцијација (ВБА) во суперсредна категорија, откако го победи Феликс Штрум (Германија) со одлука на судиите од 2-1 на гала вечерта во Франкфурт (Германија).

Појасот беше во сопственост на Карл Фроч – Кобра (Англија), но му беше одземен поради недостиг на активности.

Тактички битка беше многу неизвесна. Еден од судиите средбата ја бодуваше со предност за Штрум со 116-112 поени, вториот го даде истиот резултат за Русинот, а третиот беше многу категоричен во корист на Чудинов  118-110.

https://youtu.be/9cWnIX9W-EI

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО