Ентони Џошуа го смачка Рафаел Зумбано (ВИДЕО)

Antoni Dzosua

Олимпискиот шампион од Лондон во супертешка категорија, Ентони Џошуа од Англија,  го продолжи попедоносниот од во професионалните води. Тој го смачка шампионот на Бразил и Јужна Америка во тешка категорија Рафаел Зумбано Лав, откако го нокаутира во втората рунда.

 Англичанецот доминираше во текот на целиот меч, а неговиот ривал гледаше да се одбрани од разорните напади. Џошуа ја забележа 12 – та победа со нокаут од 12 натпревари. Неговиот следен дуел е на 30 мај во Ливерпул. Тој ќе се бори со искусниот Американец Кевин Џонсон.

https://youtu.be/2hjDzFuAkyE

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО