Бисерите од Радовиш!

Biser bucim zlatna genarcija 5

Радовиш вчера беше домаќин на 39. „Македонски бисер“, кој се совпадна со јубилејот 20 години од освојувањето на шампионската титула-клупски првак на Европа на БК Бучим Јака, кој една година подоцна стана и светски шампион.

biser bucim 3

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески, им врачи признанија на борачите и управата кои ја освојата шампионската титула пред 20 години.

Biser Cifilganec 4

Со овации беше пречекан поранешниот претседател на Федерацијата за боречки спортови на Македонија, Ванчо Чифлиганец, кој во 1995/96 како прв човек на Бучим Јака стигна и до европската и до светската титула во борење. За неговиот придонес во боречкиот спорт доби признание од  Агенцијата за спорт и млади, а му го врачи директорот Марјан Спасевски. Исто така признаније доби и интернационалниот судија Лиманов, кој вечерва со ревијално судење стави крај на својата долгогодишна судиска кариера.

Biser vo radovis 1

Уште еднаш да потсетиме дека нашиот репрезентативец Халил Зубаиров е освојувач на традиционалното 39-то издание на „Македонскиот бисер“. За најдобар борач од странство беше прогласен Ѓорги Златев од Бугарија, а најдобар македонски борач Иван Јанев.

biser vo radovis 2

Победници по категории се: Иван Јанев – 55 кг, Јасен Реџелари -61 кг, Али Цури (Косово, 65 кг), Дејан Митров -70 кг, Ѓорги Златев (Бугарија, 74 кг), Халил Зубаиров – 85 кг, Дејан Богданов – 97 кг и Александар Николаев (Белорусија, 127 кг).

biser asovi na masa

На отварањето на 39. „Македонски бисер“ беа претставени и сите поранешни борачи на Бучим Јака, кои стигнаа до европската и до светската шампионска титула. На церемонијата присуствуваше и освојувачот на медал од ЛОИ за Македонија, Могамед Ибрагимов.

Biser sudii 3

Еве кој се беше на турнирот и што се случуваше!

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО