Алистер Оверем: Го претепав Кро Кап, затоа не сака реванш! (ВИДЕО)

alister mirko

Борецот во тешка категорија на УФЦ, Алистер Оверем, неодамна го коментираше евентуалниот реванш меѓу него и Мирко Филиповиќ. Оверим изјави дека се сомнева оти „Кро Кап“ наскоро би сакал да излезе против него.

 „Всушност, се сомневам, бидејќи тој има лоши спомени од мене. За време на нашиот дуел психички го претепав. Тој е од оние луѓе кои го држат гневот длабоко во себе и мислам дека уште малку останал од него. Но се сомневам дека ќе ме предизвика, бидејќи за него сум голема главоболка и тој го знае тоа“.

 Оверем и Кро Кап се сретнаа на Дрим 6 во септември 2008 година. Холанѓанецот на таа средба се претстави многу добро издание, неколку пати го собори Мирко и му нанесе многу удари од доминантна позиција. Но дуелот беше прогласен за неважечки откако Алистер зададе неколку недозволени удари со коленото во препоните на Хрватот.

И, сепак, сакате да видите таков реванш?

https://youtu.be/_0J3XYydUuk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО