Респект за вистинскиот љубител на кикбоксот – Еркан Ќаил!

Erkan Kail

Еркан Ќаил е голем вљубеник во кикбоксот. За да го бодри својот омилен клуб „Фајт тим“ на Државното  изборно превснтво изминатиот викенд во Скопје во Драчево, Еркан од Бутел до Драчево отпатувал сам со автобус.

Може некој ќе рече каква е оваа шега?! Но, ако се знае дека движењето на Еркан е со инвалидска количка, тогаш патот во градски автобус е навистина долг и мачен, затоа што менува автобуси. Од друга страна, не скал да отпатува до Драчево и да се врати за 2-3 часа, туку, тој, откако пристигнал пред 9 часот останал до 20 часот, се додека траеле борбите.

Максимата, „кога нешто се сака нема пречки што може да те сопрат“ со сите почести е за Еркан Ќаил!

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО