Флојд Мејведер прситигна спектакуларно во Лас Вегас! (ВИДЕО)

floyd mayweather vegas

Три дена пред настапot во „борбата на векот“ против Мани Пакијао, Флојд Мејведер пристигна во Лас Вегас, а тоа го направи во свој стил, мегаломански. Тешко е да се опише, најдобро да го погледнете ова видео.

 Марширачка група, голем број на публика и камери, светла од рефлектори, убави жени и се на се, многу гламур, така изгледаше доаѓањето Флојд Мејведер во Лас Вегас, градот каде што конечно ќе настапи на боксерскиот меч што го очекува целиот свет, средбата против Мани Пакијао.

 Но, Флојд на сцената изгледаше доста нервозно од вообичаеното и беше многу помалку арогантен, барем во својот пристап и изјавата. Ние не знаеме дали тоа е поради замор или навистина е свесен дека од другата страна ќе биде најтешките противник во неговата кариера, а на Мејведер му е исклучително важно борбата да ја заврши непоразен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО