Репрезентативците Јанески, Љама и Етеми на подготовки за квалификациите за ОИ во Белград

Репрезентативците Гоце Јанески, Јасин Љама и Арсим Етеми со селекторот  Хесус Сојет од денеска се наоѓаат во Белград, Србија, каде што ќе се подготвуваат за настап на Олимпискиот квалификациски турнир во Лондон на 10 март.

Подготовките на македонската репрезентација ќе се одвиваат зедно со селекцијата на Србија, која иста така ќе настапи во Лондон.

Нашата репрзентација во Белград ќе остане до 8 март, два дена подоцна, селекторот Хесус Сојет заедно со Гоце Јанески и Јасин Љама ќе отпатуваат во Лондон, каде што од 14 март почнуваат квалификациите за ОИ во Токио 2020.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО