Хабиб: Мек Грегор паметно ги бира противниците, избегнува јаки пресметки

Парите и драматичноста му се јаки страни на Мек Грегор, но Хабиб смета дека Ирецот не е сериозен ривал во борбата за светска титула.

Рускиот ММА борец Хабиб Нурмагомедов, не сака повторно да се бори со Ирецот Конор Мек Грегор, бидејќи за него вели дека го интересираат само пари.

„Мислам дека избегнува тешки мечеви. Сам си ги бира противниците, може да го прави тоа бидејќи е голема ѕвезда. Луѓето сакаат да гледаат драми, а ако се зборува за пари и драма, тој е добар. Но, ако се зборува за вистинска битка за титула светски првак, тој не е вистинскиот човек. Ќе ме паметат ако победувам тешки противници, а не вакви лажни“, вели Орелот кој на 18 април ќе има тешка битка за тронот против Тони Фергусон.

Мек Грегор неодамна го разби Каубојот Цероне, но тој е во залез на кариерата и не е меѓу топ борците во моментов, од последните десет главни борби повеќе загуби отколку што доби, а според Хабиб, Конор треба да ја намали килажата и да се врати во лесна категорија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО