Тајсон Фјури: Нема невозможни нешта

Тајсон Фјури забележа голема победа минатиот викенд во Вегас. Тој успеа да го нокаутира Дионтеј Вајлдер и да му ја одземе титулата во тешка категорија на ВБЦ и да го задржи статусот на непоразен боксер. 31-годишниот играч го зголеми скорот на 30-0-1 и без сомнение стана легенда. Фјури успеа да се справи со депресијата, алкохолот и дрогата и се врати на врвот.

Тајсон вели дека бил потценет и отпишан од луѓето во текот на целиот живот, но неговите големи победи покажуваат дека не постојат невозможни работи.

„Сè е можно со правилен ментален став. Бев отпишан целиот живот. Рекоа дека не можам да направам ништо, но ги негирав и покажав за што е способна една личност.

Многу и благодарам на сите што ме поддржуваа на  патот кон моето враќање. Вие сте најдобри фанови. Благословени да сте сите“, порача Фјури.

https://www.instagram.com/p/B9AF9-aHrJ1/?utm_source=ig_embed
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО