Расул Шапиев освои бронза на „Јашар Догу“ – втор медал за Македонија

Расул Шапиев го освои вториот медал за Македонија на силниот Меѓународен турнир „Јашар Догу“ во Истанбул-Турција. Шапиев во борбата за бронзениот медал го совлада Канаѓанецот Фулка Ј. 6-2.

Во четвртфиналето славеше против борач од Турција 9-3, а во полуфиналето пак се бореше со турски репрезентативец Оздемир и загуби 3-3 (3-2*).

Да потсетиме дека вчера во категоирјата до 50 килограми Вероника Рјабоволова освои златен медал.

Столе Ефтимов (92 кг) имаше три борби (Турчин, Иранец и Турчин) во кои беше поразен. Владимир Егоров (61 кг) ќе се бори утре.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО