Седум медали за Балканец на „Денот на Колосите“ во Призрен

Вчера борачите на Балканец  на Меѓународниот турнир „Денот на колосите” во Призрен, Косово, освоија 7 медали – 2 златни, 1 сребрен и  4 бронзени, а Стојанче Стојков беше прогласен за најдобар странски борач и Мелани Митевска за најдобра борачка на турнирот.

Медалите ги освоија:
37 кг Дарио Ѓуров – бронзен
63 кг Стојанче Стојков – златен
79 кг Јован Стефанов – бронзен
79 кг Никола Кертков – бронзен
50 кг Бојана Ковачова – сребрен
63 кг Марија Цветанова – бронзен
70 кг Мелани Митевска – златен

На турнирот настапија борачи и борачки од Косово, Албанија и Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО