Почна Светското првенство во Доха без македонски боксери!

boks aperkat borba

Денес почна Светското првенство во бокс во Доха, Катар, и ќе трае до 15 октомври, при што ќе се поделат 23 олимписки визи за Олимпијадата во Рио 2016. Специјален гостин ќе биде Мани Пакијао, кој никогаш не учетвувал на аматерско Светско првенство.

За жал, мора да констатираме дека на Светскиот шампионат немаме претставник, како што претходно беше и на Европското првенство во Бугарија. Причината не е во тоа што немаме боксери, туку во лошата ситуација во Боксерската федерација на Македонија, која подолго време не се решава, односно не се исплаќа обештетување по извршно судско решение за починатиот боксер Ѓокица Неделковски.

Поради ова е блокирана сметката на Федерацијата, но и активностите, а боксот оди во надолнина, наместо да се надминат состојбите кои беа типични по осамостојувањето на Македонија.

Досега македонските боксери учествувале на 11 светски првенства, а највисоки пласмани оствариле Вели Мумин 5-то место на СП во Тајланд 2003 година, кој на чуден начин не освои медал, и Примислав Димовски, исто така 5-то место, на СП во Милано во 2009 година. Димовски има и едно девето место на СП 2007 година во Чикаго, САД.

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО