Откриен е противникот на Емилијаненко (ВИДЕО)

Emilijanenko sparing demonstracija

Поранешниот шампион на Прајд, Федор Емилијаненко, по се изгледа веќе го има противникот за неговото враќање во ММА – тоа ќе биде кикбоксерот во тешката категорија, Синг Џаидеп.

Борецот има само 1 дуел во ММА, кој заврши со победа.

Се очекува официјалното веста да биде објавена во четвртокот, посочи новинарот Ариел Хелвани.

Џаидеп (28) е со статстика 40-11 во кикбокс,а последните три меча ги загубил.

Сите стравувања почнаа да се обистинуваат откако Федор не потпиша со УФЦ.

Новата организација, предводена од поранешниот промотор на Прајд, Нобуки Сакакибара, ќе одржи три настани од 29 до 31 декември, а на еден од нив ќе има и средба на меѓу Шинаја Аоки и Казуши Сакубара во средна категорија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО