Победа на Македонскиот воин -Даниел Стефановски со прекин во 2.рунда (ВИДЕО)

Даниел Стефановски во саботата вечерта извојујва победа со прекин во втората рунда против Силијано Алајбеу од Албанија на Гладијаторс – најт 11 во Цирих, Швјацарија.

На крајот на првата рунда Стефановски го погоди со колено Алајбеу и го прати во нокдаун.

Во втората рунда Даниел тргна решително комбинирајќи летечко колено, висок удар (хај кик), крошеа и аперкат. Беше очигледно дека Силијано е поблиску до нокаут, па од неговиот агол ја фрлија крпата и го спасија од маките.

Даниел Стефановски и Борче Лескаровски

Стефановски се враќа по подолго отсуство од рингот. Последната борба ја имаше на почетокот на септември, при што извојува убедлива победа против Гркот Киријадикис 3-0 на настанот Престиж фајт под покровителство на Реунион промоцијата во К-1 во Цирих, Швајцарија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО