Убедлива победа на Даниел Стефановски против Гркот Киријадикис

Даниел Стефановски извојува убедлива победа против Гркот Киријадикис од 3-0 на настанот Престиж фајт под покровителство на Реунион промоцијатаво К-1 во Цирих, Швајцарија.

Македонскиот воин забележа еден нокдаун во втората и два во третата рунда, така што неговата победа не беше во прашање.

Неодамна Даниел Стефановски ја одбрани светската титула на ВКУ во К-1 на настанот Гладијаторс најт во Цирих, Швајцарија, против Родриго Минеиро победувајќи го со одлука на судиите 3-0.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО