Стефан Пецевски со две злата на Отвореното првенство на Источна Европа во БЏЏ

Setfan Pecevski prv na EP bjj isticna evropa

Стефан Пецевски денес е вистински јунак на Отерното Европско првенство во БЏЏ за Источна Европа во Загреб, затоа што освои два златни медали и во категорија и во апсолутна.

Borba Bjj Zagreb

Стефан Пецевски во категоријата на синии појаси освои 2 златни медали (категорија и апсолутна) и беше еден од натпреварувачите со најмногу победи на турнирот.

Ruts vo Zagreb BJJ EP prv
Мартин Стефановски – во категорија на сини појаси по победата со зафат во полуфиналната борба, во финалето загуби и го освои сребрениот медал.

Jankova na bJJ vo zagreb
Сандра Јанкова – во категорија на сини појаси во полуфиналната борба повторно се бореше со противничка од Словенија која беше потешка за 10 килограми и неколку кратен шампион во џудо. Јанкова го освои бронзениот медал.
Славчо Стојановски – во категорија на бели појаси- мастер ја загуби полуфиналната борба и го освои бронзениот медал.

Ivica so site na bJJ EP vo Zagreb

Ова е голем успех на нашите претставници, веруваме дека и тренерот на БЏЏ Рутс Македонија, Ивица Алексовски, е задоволен од постигантите резултати.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО