Балканец со 4 титули, Лирија со најмногу бодови, а летаа и столици тупаници во Радовиш

Borbi radovis Curino
Со учество на 54 борачи, во Радовиш се одржа Изборното државно првенство во борење. Имаше неколку интересни борби. Најмногу први места освоија борачите на Балканец-4, додека во екипна конкуренција Лирија беше најдобра. Лирија освои 38 бодови, Балканец 36, Тефејуз и Бучим по 14.

ElmedinSejfulahu Egorov
Во категоријата до 57 килограми, борачот на Вардар Владимир Егоров со технички туш го совлада младиот Елмедин Сејфулаху од Лирија. По оваа средба, се случил инцидент, па средбите биле прекинати. Како што ни изјави делегатот на првенството Илија Трајанов, во таа мешаница бил нападнат Љубиша Пешко од борачи на Лирија. Сепак, како што вели Трајанов, некако Пешко успеал во таа мешаница да се извлече. Очевидци велат дека летале столици и боксови.

Balkanec cela ekipa 2016

Борбите по смирувањето на ситуацијата продолжиле. Како борењето да не може без инцидентни ситуации.
Победници по категории:

57 кг Владимир Егоров- Вардар
61 кг Раиф Камбери -Лирија
65 кг Јасин Реџелри- Лирија
70 кг Дејан Митров- Балканец
74кг Бехар Мамути- Тефејуз
86 кг Бобан Савев- Балканец
97кг Аце Арсов- Балканец
125 кг Бобан Данов- Балканец

Tefejuz vo radovis

Ipon.mk/К.М.-В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО