Тајсон Фјури: Ги победувам Кличко, Џошуа и Вајлдер и се откажувам од боксот!

fjuri trenerka

Светскиот шампион во тешка категорија, Тајсон Фјури, продолжува со тврдењата дека во најскоро време ќе се откаже од боксот.

„Ако се сретнам со Владимир Кличко, Ентони Џошуа и Деонте Вајлдер, најверојатно ќе ја завршам кариерата“, посочи Тајсон Фјури за германскиот сајт ran.de.

Тој призна дека не е оптимист за реванш борбата со Кличко. Британецот не знае кога и каде ќе биде натпреварот и се сомнева дека ќе се разберат со Украинецот.

„Сé уште нема закажано датум за борбата. Веројатно средбата ќе се одржи во текот на летото. Се уште не сум ги почнал подготовките, бидејќи не мислам дека ќе има средба во скоро време“, додаде Британецот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО