Петар Заборски: Задовони сме од петте медали на каратистите на Макпетрол на Кроација Гранд при

Тренерот на Макпетрол Петар Заборски е задоволен од настапот на неговите каратисти на слиниот Меѓуанроден турнир Кроација карате Гранд при во Самобор, Хрватска, кои освоија 5 медали – 2 златни, 2 сребрени и 1 бронзен. 

Медалите ги освоија Витомир Трајковски и Јована Мицовска златни, Стеван Стојановиќ и Димитар Лозановски сребрени и Викторија Јовановска бронзен.

Со ова Макпетрол е најуспешен македонски клуб на турнирот.

Инаку, Макпетрол на турнирот настапи со 10 каратисти, а репрезентативците Петар Заборски, Петар Спасеновски и Глигор Петков настапија на ревијалниот турнир во сениорска конкуренција, во апсолутна категорија.

„Тројцата наши сениори имаа по неколку победи и задоволни сме и од нивниот настап. Турнирот претставува главна контрола за возрасните категории на кадети, јуниори и постари јуниори (У21). Терминот за одржување на овој турнир секогаш е непосредно пред терминот за официјалното Европско првенство за овие возрасни категории. Од оваа причина најголем број на национални репрезентации последните свои проверки ги прават на овој натпревар. Годинава учествуваа  национални тимови од 25 држави. Планот за учество на младинскиот тим на Макпетрол на овој силен турнир, беше да се направи контрола на спортската форма  на  репрезентативците  кои треба да настапат на европското првенство во Ларнака, Кипар 3-5 февруари. Резултатите кои се постигнати, пет медали од кои 2 (два) златни и 2 (два) сребрени,  и 1 (еден) бронзен, говорат дека во моментов Макпетрол располага со квалитетни млади каратисти“, вели Петар Заборски.

Резултати У-21:
-84 кг
Витомир Трајковски – Андреј Ангеловски 3-0
Витомир Трајковски – Сотипос Трагас од Грција 2-0
Витомир Трајковски- Антонио Мартиќ (Хрватска) 2-0
Витомир Трајковски – Јакуб Полијак (Словачка) 1-0
Финале
Витомир Трајковски – Андреј Ангеловски 3-0

Стефан Стојановиќ – Урош Миркуљевиќ (Словенија) 10-0
Стефан Стојановиќ – Лука Квесиќ (Хравтска) 3-0
Стефан Стојановиќ – Дарио Глухиниќ (Хрватска) 1-1
Финале
Стефан Стојановиќ – Сандро Кресиќ (БиХ) 0-4

Викторија Јовановска – Емина Шиповиќ (БиХ) 3-7
Репасаж
Викторија Јовановска – Лаура Лисац (Хрватска) 1-0
За бронза
Викторија Јовановска – Марина Куртеш (БиХ) 8-2

Јуниори

-59 кг – златен
Јована Мицовска – Ирене Муртано (Италија) 1-0
Јована Мицовска – Бланка Полоњова (Словачка) 0-0
Јована Мицовска – Емануела Коцкаревиќ (Хрватска) 3-0
Јована Мицовска – Дарја Шнајдер (Хрватска) 2-0
Финале
Јована Мицовска – Невена Филипов (Србија) 1-1

 

-75 кг – сребрен
Димитар Лозановски – Тео Црногај (Хрватска) 3-2
Димитар Лозановски – Фарис Синановиќ (БиХ) 4-1
Димитар Лозановски – Цене Божиќ (Словенија) 4-1
Димитар Лозановски – Тома Милета (Хрватска) 2-1
Финале
Димитар Лозановски – Марио Јануци (Италија) 1-5

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО