Утре комеморација за Живко Дуковски во „Борис Трајковски“, погребот е на гробиштата во Ѓорче Петров

По повод смртта на легендата на македонскиот бокс Живко Дуковски (84г.) утре во „Борис Трајковски“ во прес салата ќе се одржи комеморација со почеток во 10 часот во организација на Бокс федерацијата на Македонија.

Погребот е на гробиштата во Ѓорче Петров, а посмртните останки од 12 до 13 часот ќе бидат изложени во капелата.

Живко Дуковски е роден на 5 август 1938 година. Тој го освои првиот боксерски медал за Македонија на Државното првенство на Југославија во 1957 година, кој стигна до финалето и таму беше поразен од далеку посикусниот Миодраг Љубомировиќ.

Ова беше голем успех за Македонија, а Дуковски е пречекан од многу народ на железничката станица во Скопје.

Дуковски е основач на „Златниот гонг“, како тренер има многу државни прваци во сите конкуренции, а асови кои се профилирале под негово раководство се: Самоилосвки, Неџат Мемети, Руждија Калач, Азиз Салуху, Реџепагиќ, Василев.

Беше селектор на македонската селекција и еден од најуспешните тренери на државните првенства. Едно време работи и со Аце Русевски и Реџеп Реџеповски кои освоија бронзени медали на Олимпијадите. Со руждија Калач во БК Скопје го подготвија Мумин Вели да освои две бронзи на европските првенства. Дуковски е избран во 10-те најуспешни тренери на векот во Македонија, беше член на Македонскиот олимписки комитет, а доби и големо признаие од ЕАБА, станувајќи член на Техничката комсија, како единствен Македонец.

Основачот на Златниот гонг, Живко Дуковски, за почетокот на турнирот во далечната 1969 година, наведе дека се одржал во циркуски шатор во паркот во Скопје, затоа што немало сала. Но, затоа имало имиња како Мате Парлов, Марјан Бенеш, Звонко Вуин, Аце Русевски и други.

Дуковски е добитинк на повќе награди и признанија, како „13 Ноември“ на Град Скопје“, „8 Септември“ на АМС, БФМ и други.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО