Погледнете како изгледа лицето на Гловер откако од Хил прими 180 удари во главата (ВИДЕО)

Поранешниот шампион Гловер Тешеира се обиде уште еднаш да дојде до титулата шампион на УФЦ. Бразилскиот ММА борец загуби од Американецот Џамал Хил со едногласна одлука во главниот меч на настанот УФЦ 283 во Рио де Жанеиро.

Тоа беше негов втор пораз во низа во последните две години, лани беше симнат од тронот од Чехот Јиржи Прохаска.

Тешеира беше декласиран во пет рунди, а имаше лавина удари од Хил.

Американецот изјави дека не може да поверува дека некој може да поднесе толку удари како Гловер, кој и самиот бил свесен за тоа:

„Можеби сум премногу силен па го занемарувам своето здравје“.

По таа изјава Тешеира ги соблече ракавиците и ги остави на средината на октагонот, реши да се повлече.

Бразилецот доби 180 значајни удари во главата, а на социјалните мрежи се прошири фотографија од Гловер од болница. Лицето му е отечено од модринки и исеченици.

„Претежно тоа се само исеченици. Тој има мала повреда на носот и ќе биде прегледан кога ќе се врати во Конектикат. Инаку, се е супер. Имаше добар третман во болница“, изјави неговиот менаџер Хорхе Гимараеш.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО