Пет медали за штипските кикбоксери на Европскиот куп „Кроација опен 2015„

Gladijator Stip na Kroacija open

Најмладите кикбоксери на KБК „Гладијатор“ од Штип освоија пет медали на Европскиот куп „Кроација опен 2015“, 3 србрени и два бронзени во конкуренција на постари  кадети и јуниори.

Stefan Sandev vo Zzagreb

Сребрени медали  освоија:

Викторија Варадинова (-60 кг, кик лајт) која во борбата за златен медал изгуби на поени од Амина Шехиќ од Босна и Херцеговина;

Стефан Сандев (-63 кг, кик лајт) во борбата за првото место на поени загуби од Иван Хорват од Хрватска и

Ѓоше Ѓошев (-47 кг, кик лајт) во борбата за злато пдобар од него беше Стјепан Седак од Хрватска, кој славеше на поени.

Брозени медали освоија Викторија Варадинова (-60 кг, лајт контакт) и Столе Јордановски (+94 кг, кик лајт).

Јована Арсова (-55 кг, кик лајт) е поразена од Џанета Љубљанкиќ од БиХ и Божјидар Јанков (-63 кг, кик лајт) исто така не успеа да го помине натпреварувачот од Хрватска, Ерик Буза.

На Купот во Загреб учество земаа 550 спортисти од 8 земји и 77 клубови.

Од Македонската кик боксинг федерцаија велат дека годината ја завршиле со успех, како што и ја започнале.

Резултати.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО