Двете страни во Балканец го сакаат Зоран Шоров за шеф на стручниот штаб

Zoran Sorov reprez
Во БК Балканец има две спротиставени страни. И двете страни сметаат дека се легални.Сениорите на Балканец прво бараат да се расчисти ситуацијата, па да продолжат со редовните тренинзи. Засега, сениорите наместо борење, играат само мал фудбал на тренинзите.Ситуацијата во Балканец и натаму е статус кво.

Интересно, двете спротиставени страни ги предводат борачите ветерани. На едната е Добре Маринков, кој е регистриран во Централниот регистер како претседател,,а на другата Марјан Атанасов, кој на последните две одржани Собранија на клубот е избран за претседател, но не е регистриран и во ЦРМ.

Кога ќе биде расчистена ситуацијата во Балканец? Деновиве е најавено дека Балканец добил локација во Кежовица за изградба на регионален боречки центар, чија изградба ќе се финансира од меѓународните боречки асоцијации и од институциите во Македонија.

Zora Sorov 1978 sportist na godinata
Двете спротиставени страни, по некои прашања имаат исто мислење. Тие сметаат дека трикратниот олимпиец и носител на два медала од ЕП за сениори, Зоран Шоров, треба да биде нов шеф на стручниот штаб.
„Тоа е точно и јас го знам. Но, не ја прифаќам одлуката на сегашниот претседател на Балканец , Добре Маринков, бидејќи тој за мене е нелегитимен. Точно е дека Добре Маринков ме моли да бидам шеф на стручниот штаб неколку месеци, но јас прво барам да се изврши смена на сегашното раководство. Кога ќе биде расчистена ситуацијата, ќе можам и нормално да ја извршувам оваа одговорна функција…“– ни рече Зоран Шоров.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО