Перфектната организација на „Скопје опен Рамус“ наградена со четири злата за Македонија

Изминатиов викенд Македонската таеквондо федерација (МТФ) и ТК Бутел го организираа најголемиот теквондо настан во историјата на државата во овој олимписки спорт.

„Скопје опен Рамус Г1“ како официјален турнир кој се најде на календарот на Светската таекводно асоцијација со 800 спортисти од 40 држави, односно 220 клубови од целиот свет.

„Турнирот од силен меѓународен карактер помина во перфектна организација, со тоа сигурно овој настан беше еден од најголемите спортски настани воопшто органзиирани последните години во Македонија“ велат од МТФ.

На овој турнир образот на македонското олимписко теквондо го обелија:

Дејан Георгиевски ( ТК Бутел) – сениорско злато

Мила Релиќ (ТК Тигри) – сениорско злато

Костадин Галевски ( ТК Кобра) – кадетско злато

Теодор Стојановски (ТК Бутел) – кадетско злато

Од МТФ изразуваат благодарност до сите спонзори и поддржувачи на овој голем настан.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО