Конор Мек Грегор од почетокот на годината пет пати беше тестиран за допинг

На почетокот на годината најголемата светска ММА организација ги замени услугите за допинг тестирање на УСАДА со агенцијата Драг фри спорт.

Програмата функционира веќе неколку месеци, а меѓу најпроверените борци е Конор Мек Грегор.

Славниот Ирец веќе пет пати е тестиран, а се очекува наскоро да им се врати на борбите.

Мек Грегор беше тренер во последната сезона на Ултимејт фајтер, а требаше да се бори со Мајкл Чендлер на крајот на годината.

Но, борбата се уште не е договорена, а според некои најави, најголемата ѕвезда на УФЦ би можела да се врати во октагонот во текот на летото.

Инаку, во првите три месеци од 2024 година се направени 639 допинг-тестови, што е за 457 помалку од УСАДА во истиот период лани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО