Четворица боксери отпатуваа на подготовки во Белград за Европското сениорско првенство

Денес на подготовки во Белград отапатуваа четворица македонски репрезентативци Ален Рустемовски (57 кг), Дион Лена (63,5 кг), Алим Насуфи (67 кг) и Арјан Исени (80 кг).

Нашите боксери ќе се подготвуваат во главниот град на Србија, односно во Спортскиот центар „Кошутњак“ до почетокот Европското првенство во бокс за сениори кое се одржува во Белград од 18 до 28 април. На ЕП ќе учествуваат 401 боксер, 263 во машка конкуренција и 138 во женска, од 33 држави.

Таму ќе тренираат и спарингуваат со репрезентацијата на Србија, Хрватска, Црна Гора, Шпанија, а се очекува да се приклучат и боксери од други држави.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО