Партизан-Кочани трет на „Ипон купот“ во Лесковац

Partizan Kocani vo Leskovac na Ipon kup

Каратистите на партизан од Кочани освоија 30 медали од кои пет се златни на Меѓународниот „Ипон куп“во Лесковац, Србија, што се одржа викендот што помина, а на кого учествуваа 500 натпреварувачи од повеќе балкански држави.

Првиот златен медал за „Партизан“ го освои Кристијан Гроздановси во категорија борби – 35 килограми. Неговиот успех го повторија и Ѓорѓи Петров, Ива Таушанова, Мартина Шахинова и Василија Христиќ, која освоен во борби, во својата категорија беше најдобра и во кати.partizan Kocani na ipon kup leskovac dete

Во екипна конкуренција во борби за каратисти родени 2004-2005 година Партизан го освои бронзениот медал.

Во генерален пласман, според бројот на освоени медали, Партизан е на третото место

Членовите на овој клуб и на Меѓународниот турнир „13 Ноември“ во организација Карате клубот „Цветан Димов“ постигнаа забележитлени резултати, Роберто Здравковски и Димитар Јакимов ги освоија првите места во своите категории во борби.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО