Папата го прими Вајлдер и го именува за амбасадор на мирот

Дионтеј Вајлдер имаше приватна ауденција кај папата Франциск во Ватикан.

34-годишниот Американец беше придружуван од претседателот на ВБЦ, Маурисио Сулејман и стана само третиот американска тешкаш по Мухамед Али и Ридик Боу кои ги примил папата, објави промоторот на шампионот на ВБЦ во тешка категорија Премиер бокс шампиони.

Во оваа прилика, папата Франциск го назначи Вајлдер за амбасадор на мирот преку спортот.

„Ова беше исклучителна чест и многу сум среќен што го запознав папата Фрањо. Сакам да му се заблагодарам што ме прими. Би сакал да се заблагодарам и на ВБЦ за организирањето на оваа посета и да се заблагодарам на Италијанската бокс федерација што ме прими и водеше на посета кај луѓето во Италија. Ова беше едно од најдобрите искуства во мојот живот. Тоа го потврдува мојот план да бидам вистински светски шампион во тешка категорија“, рече американскиот нокаутер.

Вајлдер ја посети и детска болница во Рим и помина извесно време со малите пациенти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО